Прекини — карта на прекини на струја, вода и интернет во реално време

„Прекини“ е заедничка платформа за следење прекини во Северна Македонија. Следете прекини на струја, вода, интернет, греење и сообраќај во реално време — прегледувањето е анонимно. За да пријавите или потврдите прекин, најавете се.

Како функционира

Кога ќе ви снема струја или вода, отворете ја картата и проверете дали некој веќе го пријавил прекинот во вашата близина. Ако веќе е пријавен, допрете „И јас сум засегнат“ за да го потврдите, така другите знаат дека прекинот е поширок. Ако не е, пријавете го за неколку секунди: изберете тип, обележете ја локацијата на картата и испратете. Пријавата веднаш се појавува на картата за сите, без освежување на страницата.

Пријавите сами истекуваат по неколку часа, за картата да покажува само прекини што траат. Кога услугата ќе се врати, тој што го пријавил прекинот може да го затвори, а ако доволно луѓе што го потврдиле јават дека пак работи, прекинот се затвора сам.

Видови прекини

Покрај пријавите од граѓаните, на картата има и планирани прекини: објави за закажани работи, на пример поправки на мрежата. Нив ги објавуваат само верификувани организации, како комунални претпријатија и институции, и носат ознака „Верификувано“.

Известувања и приватност

Зачувајте ги местата што ви се важни, на пример домот или работата, и добивајте известување кога ќе се пријави прекин во близина, како и кога услугата ќе се врати. Апликацијата работи во прелистувачот и може да се инсталира на почетниот екран, без продавница. Картата ја гледате без профил, а јавно се прикажува само маскирана е-пошта на тој што пријавил.

Често поставувани прашања · Политика за приватност · Услови за користење